ПОЧЕТНА СВЕТ Момче почина во Пефкохори, откако се откачило седиштето од вртелешка во забавен...

Момче почина во Пефкохори, откако се откачило седиштето од вртелешка во забавен парк – сопственикот е уапсен

3558

Деветнаесетгодишно момче од Грција, починало вчера како резултат на повреди во забавен парк во Пефкохори на Халкидики, каде го поминувало одморот со неговите родители и двајцата браќа, извести Катимерини.

Момчето добило огромни повреди од кои починало, откако се откачило столчето од вртелешка во забавен парк на Халкидики во Пефкохори. Според Катимерини, столчето од вртелешката се откачило кога операторот на забавниот парк ја зголемил брзината на движење.

Сопственикот е уапсен, а полицијата трага по операторот. Несреќата се случила во неделата во селото Пефкохори, а 19-годишното момче починало вчера во медицинскиот центар во близина на Касандра.