Силното невреме кое во текот на ноќта од неделата кон понеделникот го зафати поширокото сплитско подрачје им нанело многу проблеми на пожарникарите кои најмногу ги отстранувале дрвјата кои паднале на коловозите, но и црпеле вода од поплавените подруми.
Во Противпожарниот-оперативен центар на Сплитската жупанија, се дозна дека вработени во Јавната противпожарна служба (ЈВП) на градот Сплит, заедно со колегите од доброволната противпожарна служба (ДВД) Сплит, во текот на ноќта отстранувале дрвја од коловозите, јавува ХИНА.
Така веќе по 23 часот дрва паѓаа главно во центарот на градот, на патиштата и на паркираните возила на шеталиштето Мажураниќ, во улиците Каштеланска, Звонимирова, Рендиќева, Зринско-Франкопанска, Планчиќева и Старчевиќева. Во улицата Вишка во Бачвице и на Путу Фирула поплавени се подрумски простории за што е потребна и интервенција на пожарникарите.