Пет лица од Непал кои работеле во приватна фирма во Охрид, се пријавени за исчезнати од страна на нивниот работодавец, соопшти МВР.
Вчера во 11.35 часот во СВР – Охрид, 43-годишен охриѓанец, пријавил дека петмина – негови вработени лица од Непал, со привремен престој во градот, на возраст од 19 до 27 години, се оддалечиле од местото каде престојувале, наведуваат од МВР.