Попладнево е предизвикан пожар во скопски Капиштец. Пожарот зафатил сува трева и грмушки, а настанал по наводно фрлени шок бомби.
Очевидци за МКД.МК велат дека на почетокот се слушнало силен тресок од експлозија, а потоа и се кренал чад.
На терен излегле тим пожарникари кои успеале да го изгаснат пожарот за да не се прошири низ дрвјата, но и бројни објекти.
Граѓаните вознемирени раскажуваат за настанот. Тие велат дека се сомневаат оти звучните шок бомби, биле фрлени од млади лица кои избегале.
Тие се сомневаат дека можеби станува за истите групи тинејџери кои неодамна го кршеа инвентарот на парковите во Капиштец, при што беа уништени бројни справи за игра на мали деца, клупи, патеки, канти за ѓубре и слично.