ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Меџити: Прашањето за Блерим Рамадани треба да се затвори и се надевам...

Меџити: Прашањето за Блерим Рамадани треба да се затвори и се надевам дека во иднина нема да имаме вакви случаи

342

Во однос на тоа каде потфрлиле институциите во случајот со бегството на Блерим Рамадани ќе се обратите до Министерството за внатрешни работи, но од она што ми е веќе познато е дека судот донел одлука дека аргументите кои ги посочува Србија немаат основа и затоа не постои причина да тој се екстрадира во Србија, вели вицепремиерот Изет Меџити на новинарско прашање – дали како Влада располагаат со повеќе информации во однос на бегството на поранешниот војник на ОВК.

Тој рече и дека како држава, Македонија треба да се насочи кон дејствување како и сите останати европски држави во однос на меѓународните потерници издадени од Србија за борците на поранешната Ослободителна војска на Косово.

„Тоа е веќе трета одлука, имаше и за Дуголи во минатото и за Морина и веќе тоа станува судска пракса и таа пракса треба да нè насочи како држава да делуваме и како сите други европски држави, дека Србија дава неточни информации и не треба да се сфатат сериозно“, кажа Меџити.