ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тешка сообраќајка кај Блаце, загина 17-годишно момче, тешко повреден и неговиот 13-годишен...

Тешка сообраќајка кај Блаце, загина 17-годишно момче, тешко повреден и неговиот 13-годишен брат

2780

17-годишно момче вчера загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи во близина на скопското село Блаце.

Несреќата се случила кога автобус на ЈСП се судрил со автомобил во кој се наоѓале двајца малолетници.

Во сообраќајката тешко бил повреден и 13-годишниот брат на загинатиот кој веднаш бил пренесен на скопските клиники.