ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СДСМ вели дека ребалансот е катастрофално лош – а нивниот буџет немаше...

СДСМ вели дека ребалансот е катастрофално лош – а нивниот буџет немаше финансиски средства за медиумите и ДИК, иако законот обврзува на тоа

1032

СДСМ се жали дека ребалансот кој го носи ВМРО-ДПМНЕ бил катастрофално лош. А веднаш на социјалните мрежи контра ефект од ставот.

Токму СДСМ не предвиде средства за ДИК кој треба да ги исплати медиумите за изборите. Средства кои законски се пропишани и мора да ги има во буџетот. Но, СДСМ и ДУИ тоа не го предвидоа.

Во продолжение нивниот став:

Предложениот ребаланс на Буџетот е катастрофално лош. Со ребаланстот нема пари за раст на платите во ниту еден сектор. Нема пари за покачување на минималната плата, за работниците, нема пари ниту за пожарникарите, војниците, полицајците, образованието, велат од СДСМ.

– Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја суспендираат политиката на постојано покачување на платите која функционираше со години наназад.
Наместо политики за подобрување на животниот стандард на работниците ВМРО-ДПМНЕ ги понижува работниците и ја враќа политиката во која Македонија е рај за евтина работна сила. Со вака скроен ребаланс власта на ВМРО-ДПМНЕ го отвора патот кон должничко ропство на граѓаните, со јавен долг од 68%. Наместо фискална консолидација имаме фискална деструкција и зголемување на дефицитот за 35%. Со ребалансот ВМРО-ДПМНЕ не предвидува пари за исплата на финансиска помош по основ на инвестиции за домашните компании. Помалку пари се предвидени за капитални проекти а намалени се и парите за капитални инвестиции. Се менуваат ставовите, се намалуваат пари и во неизвесност се ставаат стратешките инфраструктурни проекти со финансиска поддршка од ЕУ. Намалени се средствата за ИПАРД програмите за земјоделците. Се укинува авансната исплата на субвенциите за земјоделците и се крати Интервентниот фонд. Власта не предвудува пари за покачување на социјалната заштита ниту пак за покачување на детската заштита. Одземени се финансиските средства кои беа планирани за реформата на системот за заштита и спасување. Намалени се парите за националните сојузи на инвалидските здруженија и за граѓанските организации кои се борат против семејното насилство. Ребалансот не е скроен според потребите на македонската економија туку на владејачката коалиција, се вели во соопштението од партијата.