ПОЧЕТНА СВЕТ Мириса на војна: Повредени повеќе војници на САД во база во Ирак...

Мириса на војна: Повредени повеќе војници на САД во база во Ирак – се огласи Трамп, има најава дека вечер ќе биде нападнат Изреал

733

Ракетите истрелани од јужен Либан се пресретнати од израелскиот систем за воздушна одбрана „Железна купола“ над регионот Горна Галилеја во северен Израел на 4 август, 2024

Најмалку петмина американски војници се ранети, еден од нив сериозно, при напад врз воздухопловната база „Аин ал Асад“ во западен Ирак, соопштија официјални американски претставници.

Инцидентот се случи во време кога Блискиот Исток се подготвува за евентуален нов бран напади од страна на Иран и неговите сојузници, поради убиството на високопоставени членови на палестинското исламистичко движење Хамас и либанската група Хезболах минатата недела.

Според ирачките сили за безбедност, две ракети „Катјуша“ биле истрелани кон воздухопловната база „Аин ал Асад“ во западен Ирак и паднале внатре во базата.

Иран оцени дека и САД носат одговорност за убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран, поради нивната поддршка за Израел.

„Можеме да потврдиме дека имаше ракетен напад врз американските и коалициските сили во воздухопловната база „Аин ал Асад“ во Ирак, се вели во изјавата на Министерството за одбрана на САД.

Иран и неговиот либански сојузник Хезбалах кој исто така беше прогласен за терористичка организација од Вашингтон, ветија дека ќе се одмаздат за тој напад и другите смртоносни напади во Иран и Бејрут за кои Техеран го обвини Израел.

Трамп: Слушнав дека Израел ќе биде нападнат вечерва

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот вечерта изјави дека ирански напад врз Израел може да се случи во текот на ноќта.

„Во моментов, слушам дека вечерва ќе има напад од Иран врз Израел… Нема строго доверливи информации, но, слушам дека Израел ќе биде нападнат вечерва“, рече републиканскиот претседателски кандидат за време на разговор со Јутјуберот Адин Рос.

Трамп не штедеше критики на претседателот Џо Бајден и неговата администрација.

„Да се ​​согласувате со странските лидери – ако сте паметни, нашата земја ќе е безбедна. Ако сте глупави, тогаш тоа е проблем. Сега имаме глупави луѓе таму, а тие луѓе се многу опасни“, рече тој.

„Да бев претседател, никој немаше да зборува за таа војна, бидејќи тоа немаше да се случи, 100 отсто“, тврди тој.

Трамп понатаму коментираше: „Бајден, тој нема поим каде по ѓаволите се наоѓа“.