ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Стојанче Ангелов: Не оставајте плински боци на полињата

Стојанче Ангелов: Не оставајте плински боци на полињата

119

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов денеска апелираше до земјоделците за поголема внимателност кога користат плински уреди и до граѓаните кои живет или имаат куќи, напуштени куќи или викендици. Во земјава има 5 активни пожари, но се појавуваат и нови.

„Од страна на земјоделците на повеќе локации низ државата се користат плински уреди кои одвреме навреме испуштаат звук сличен на пукот кој ги брка птиците кој го оштетува нивниот род. Ваквите плински уреди претставуваат голема опансост за предизвикување пожари на отворено кои потоа прераснуваат во шумски пожари. Веќе имаме најмалку еден потврден случај кога дошло до еклоплозија на плинската боца и благодарение на брзата интервенција на локалните пожарникари, беше брзо совладан и не се претвори во голем пожар на отворено. Апел до сите оние кои користат плински уреди да бидат исклучително внимателни. Или да не ги користат, или доколку ги користат, тоа да биде во согласност со законските и подзаконските уредби кои подразбираат безбедно користење на ваквите уреди. Оставањето на плинските боци на сонце е голем ризик и потенцијал за појава на пожар“, рече Ангелов.

До граѓаните кои имаат куќи, викендици или имаат напуштени куќи, Ангелов апелираше да внимаваат и ако забележат лабави жици, жици кои на средината се допираат да пријават до ЕВН, бидејќи постои ризик од искрење, а при појава на ветер, да прерасне во пожар.

„Имавме средба со ЕВН и тие се подготвени да интервенираат по секоја пријава од граѓани. Тие ме информираа дека низ државата има многу напуштени села и куќи, и дека има стари бандери искривени, кои прават условно речено ‘мев’ на самите жици“.