ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицкоски грмна: Жалиме за инцидентот, НЕ се нарушени дипломатските односи со Косово

Мицкоски грмна: Жалиме за инцидентот, НЕ се нарушени дипломатските односи со Косово

311

Премиерот Христијан Мицкоски посочува дека инцидентот на косовската претседателка Вјолца Османи се расветлува, а посочи дека доколку има пречекорување на овластувањата од обезбедувањето на Африм Гаши – ќе има и одговорност.

На прашање „дали ќе бара одговорност бидејќи обезбедувачот ставил репетиран пиштол на главата“, Мицкоски рече: „Ако ова што вие го тврдите се потврди, ќе има одговорност“.

„Има надлежни институции кои ќе го расветлат случајот во два дела: првиот момент е додека не доаѓа лицето за кое зборувате и вториот е кога доаѓа лицето за кое зборувате. Доколку институциите увидат дека има сторување на кривично дело, лицето ќе биде изведено пред лицето на правдата. Нема луѓе над законот додека јас сум премиер. Ако ова што вие го тврдите се потврди, ќе има одговорност“, рече Мицкоски.

Инцидентот со Вјоса Османи се случи на 2-ри август. Тогаш, според ТАВ, не дозволувала да се извршат контроли според прописите на аеродромот и меѓународните правила. По ова, се вмешало и обезбедувањето на Гаши, кое дошло да ја спасува Османи.