Премиерот на Косово, Албин Курти утре ќе ја предводи делегацијата на Косово која ќе дојде во официјална посета на Македонија. Курти ќе има средба со премиерот Христијан Мицкоски и со неколку министри.
Оваа посета не е поврзана со инцидентот на претседателката Вјоса Османи, туку била договорена уште пред извесно време.
Во делегацијата на Курти, ќе биде и министерката за надворешни работи Доника Грвала. Косовското МНР испрати протесна нота до Македонија за односот кон Османи од страна на службениците на скопскиот аеродром.