ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Дачиќ: Очекувам македонските власти да го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Рамадани

Дачиќ: Очекувам македонските власти да го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Рамадани

284

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, очекува македонските власти да го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Блерим Рамадани, но истакнувајќи притоа дека тоа е внатрешно прашање на Северна Македонија.

– По многу луѓе кои учествуваа во тие злосторства за време на војните имаше распишано потерници, тие се и уапсени врз основа на тие потерници. Ние очекуваме дека ќе биде донесена одлука за екстрадиција, но тоа е внатрешно прашање на Северна Македонија, одговори Дачиќ на прашањето дали добил одговор од македонската Влада дали ќе го екстрадираат поранешниот припадник на ОВК Рамадани.

МВР на 18-ти овој месец на граничниот премин Јажинце, на влез во државата го лиши од слобода Б.Р.(47) од Косово, затоа што при пасошка контрола и извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси“, по барање на Интерпол Србија. Од косовското МНР потоа информираа станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме. Оттаму од македонските власти побараа негово ослободување.