ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Командирот на штипската противпожарна единица се здобил со скршеници на двете раце...

Командирот на штипската противпожарна единица се здобил со скршеници на двете раце при гаснење на пожар

181

Командирот на Територијалната Противпожарна единица -Штип, Благој Ренџов при вчерашното гаснење на пожарот на старата депонија меѓу штипските населби Пребег и Мерите е повреден, односно при интервенцијата се здобил со скршеници на двете раце.

Првиот човек на штипските пожарникари во штипска Клиничка болница е хоспитализиран синоќа околу 20.30 часот и е задржан на болничко лекување, откако претходно бил опериран.

Инаку за него пожарникарите велат дека во изминатите речиси две недели заедно со нив ги гаснеше пожарите на планината Серта и во штипскиот и неготинскиот дел, не штедејќи се за да се стават пожарите под контрола на неколку локации.