ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пилот од Битола се врати од пензија за да гасне пожари

Пилот од Битола се врати од пензија за да гасне пожари

191

Пензионираниот пилот Васко Михалчев е еден од двајцата пилоти кои се вратија од пензија за да ги управуваат противпожарните авиони Ер трактор.

„Вечерва сум посебно среќен затоа што добив огромна поддршка од моите сограѓани и пријатели од мојата Битола. Ова ми дава сила да продолжам понатаму да се борам со огнената стихија која ја погоди Битола и цела Македонија. Не смееме да заборавиме да им одадеме чест и поддршка на сите кои беа долу и се бореа со огнот без престан. Тие се вистинските херои. Ви благодарам на сите за убавите зборови“, напиша тој на својот профил на Facebook.

Огнената стихија над Битола која за неполни два дена „проголта“ над 120 хектари разновидна шумска вегетација и градот го наполни со густ чад, од рано утрово ставена е под контрола. Обиколницата од Битола кон Ресен, повторено е пуштена за сообраќај.