ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Линијата на пожарот на Серта е долга 30 километри

Линијата на пожарот на Серта е долга 30 километри

709

Хеликоптерите и ер-тракторите веќе не го гаснат пожарот на планината Серта кој е веќе раширен на линија од 30 километри. Чадот ги оневозможува леталата да ја постигнат потребната висина за гаснење.

Во овој регион веќе неколку дена има активни пожари на неколку локации. Од Центарот за управување со кризите информира дека тешко оди локализирањето на пожарот на Серта. Од армискиот полигон на Криволак постојано се слушаат експлозии од неупотребена муниција што дополнително го отежнува гаснењето.

„Ќе се обидеме со пресеки за локализирање на пожарот, но и тоа е многу тешко затоа што се работи за исклучително стрмен терен. Планинскиот пат преку Серта е затворен. Полицајци, пожарникари, војници, вработени на Национални шуми се ма терен“, изјаво директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Авто-мото сојузот на Македонија попладнево информира дека поради пожарите затворен за сообраќај е регионалниот пат Неготино-Штип кај селото Пепелиште. Сообраќајот е во прекин за сите видови возила во двата правца.