ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Турските пилоти и „ер-тракторите“ се враќаат во својата земја

Турските пилоти и „ер-тракторите“ се враќаат во својата земја

408

Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов синоќа информираше дека турските пилоти и двата турски „ер-трактори“ и едниот турски хеликоптер морале да се вратат во својата земја. Причините се силните пожари кои се појавиле и ја зафатиле територијата на Република Турција.

-Едноставно целиот Балкан е во пламен. Пожари има насекаде, а не само во Македонија, рече Ангелов во видео-обраќање.

Директорот на ЦУК не даде повеќе информации дали турските воздухоплови ќе се вратат во Македонија за да продолжат со помошта во гаснењето на пожарите.

Што се однесува околу пожарите, за гасење остануваат уште 13 пожари. Вчера биле изгасени 18 пожари. Активни жаришта на планината Серта има на средината околу ловиштето.

Според Ангелов, има и пожар кај Битола кој се движи кон планината Пелистер и претставува голема закана за зимзелените дрвја. Сериозни пожари има и на територија на Градско, Росоман, Чашка, под Солунска глава, како и пожарите кај Зелениково и Студеничани…