ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Најдени се пиштол и чаура, Чедо Радомировиќ починал во болница откако повреден...

Најдени се пиштол и чаура, Чедо Радомировиќ починал во болница откако повреден бил најден кај село Орман

287

Во болница починал Чедо Радомировиќ, познат уште како Чедо Радо, дознава ТВ21.

Околу 19 часот во село Орман во близина на маганиците на МВР до паркирано возило марка „Лексус“ бил пронајден познатиот бизнисмен со нанесена повредна во пределот на главата.

До него бил пронајден пиштол и чаура.

Радомировиќ давал знаци на живот и со возило на Брза помош бил префрлен на скопските клиники, каде подоцна им подлегнал на повредите.

На лице место се уште се врши увид од страна на екипи.

Извор: mk.tv21.tv