Полицијата има информации за дел од подметнатите пожари, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов во гостување на ТВ Сител. Тој како што кажа, вчера во Кавадарци пожарникарите изгаснале пожар подметнат на четири точки, односно наишле на купишта гранки на четири места запалени одеднаш. Ангелов рече дека иам и други индиции за подметнати пожари, но не откри детали.
На новинарско прашање за забраната за движење во шума, Ангелов рече дека треба уште еднаш да се разгледа оваа одлука затоа што планинарите ќе бидат колатерална штета и оти пожарите секогаш избувнуваат во близина на урбани средини, ниви или стрништа.
„Тие луѓе кои што сакаат да предизвикаат пожар нив нема да ги исплаши оваа забрана за движење. Во разговорот со министерот Тошковски и со директорот на БЈБ наидов на разбирање кај нив. Полицијата ќе даде макимално се од себе во превентивното дејство да имаме засилено движење на полиција, но и репресивно дејство. Мислам дека веќе имаат информации за неколку предизвикувачи на пожари“, рече Ангелов.
Во однос на ресурсите и капацитетите кои се ставени на располагање на државата, Ангелов повтори дека зависи сепак и од човечкиот фактор, односно совеста на граѓаните. Посочи дека еден мал број од граѓаните е несовесен и намерно пали, почнувајќи од страништа , пасишта и ѓубришта, депонии од различни мотиви.
Непристапниот терен ја отежнува ситуацијата, додава Ангелов.
„И најмалите пожари ако не се изгансат навреме може да се претворат во многу тешки пожари за гаснење. Како што е сега на Серта, таму започна со мал пожар на трева. Малку отежнатата интевренција поради лошиот терен, зашто поажрникарите ќе дојдат ,но нема каде да дејствуваат. Не е проблем да се однесат 200 пожарникари утре, 300 војници, но што ќе прават таму, ризикуваме само да настрада некој, бидејќи теренот не дозволува. Има теренски лоши патишта и само одереден тип возила можа да ги однесат луѓето, но ако ветерот го смени правецот ќе се изложат на ризик оние кои гаснат“, кажа Ангелов.