ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Седуммесечното бебе кое беше најдено оставено на улица во центарот на Велес...

Седуммесечното бебе кое беше најдено оставено на улица во центарот на Велес било на моменти до смртта

2105

Седуммесечното бебе кое беше најдено оставено на улица во центарот на Велес било на моменти до смртта но среќата да биде пронајдено од случаен минувач а потоа и натчовечките напори на педијатрите во велешката болница му го спасиле животот.

Сеуште е во тешка здравствена состојба но под постојан надзор на лекарски тим и со соодветна терапија.

Доенчето тежело само 4,6 килограми, видно неухрането, со течна столица, често повраќало и сува и исушен кожа. Мајката 20 годишна девојка која вчера дошла во болницата да пријави дека е нејзино и си заминала повторно се вратила и од утрово е со доенчето во соба во болницата.

Полициски тим синоќа дошол во болницата а се очекува денес тие да дојдат заедно со социјални работници.