Земјите на НАТО нарачаа 940 ракети за преносливите системи за воздушна одбрана „Стингер“, објави „Nатоакtual“.
Договорот бил потпишан од Агенцијата за поддршка и набавки на НАТО на самитот на алијансата во Вашингтон.
Ракетите се наменети за потребите на Италија, Германија и Холандија, кои треба да го надополнат недостатокот на овој тип оружје откако семјите префрлија дел од своите залихи во Украина.
Договорот е вреден повеќе од 700 милиони долари и треба да им обезбеди на овие земји ракети во наредните години.
За спроведување на договорот ќе биде одговорна американската компанија „Рејтеон“, која ги произведува и одржува.
„Невозможно е да се обезбеди силна одбрана без силна одбранбена индустрија“, рече Јенс Столтенберг на маргините на самитот за време на Денот на индустријата на Американската стопанска комора.
Ракетите за системи за противвоздушна одбрана од овој тип ќе им овозможат на земјите на НАТО да ги заштитат трупите од руски воздушни напади и истите имаат домет до 7 километри.