ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ќе се враќа оградата околу Владата

Ќе се враќа оградата околу Владата

84

Владата на Република С Македонија денеска ја одржа втората седница на која се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои одлуката за враќање на оградата.

„Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опркужен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена“, информираа од владината прес-служба.

Ивица Томовски, новиот директор на СОЗР, на својот Фејсбук профил објави фотографии од оградата којшто беше тргната од претходната власт

„Денес Владата ја задолжи Службата за заеднички и општи работи да ја врати оградата која беше поставена околу владината зграда, но насилно извадена од страна на претходната власт и заменета со дотраени полициски огради наменети за разбивање на граѓански собири.

Оградата е лоцирана и истата е во незавидна состојба, што може да се види и од фотографиите. Она што е посебно фрапантно е акутната негрижа кон државниот имот.

СОЗР ќе направи напори со сопствени сили да ја стави оградата на нејзиното вистинско место во најкус период“, напиша тој.