ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Игор Јанушев нов генерален секретар на Владата

Игор Јанушев нов генерален секретар на Владата

87

Игор Јанушев е новиот генерален секретар на Владата. На позицијата тој бил именуван на денешната владина седница.

-Денеска бев именуван за енерален секретар на Владата предводена од претседателот Христијан Мицкоски.

Се заблагодарувам за искажаната доверба и верувам дека ќе работиме исклучиво во интерес на граѓаните!

Ќе работиме чесно и достоинствено за народот, објави Јанушев на Фејсбук.

Игор Јанушев е дипломиран правник. Дипломирал на Правен факултет „Јустинијан I“ – Скопје, насока правни студии каде што подоцна продолжил со постдипломски студии на меѓународно право и меѓународни односи.