ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Претседателката Давкова ja прими директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик

Претседателката Давкова ja прими директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик

107

Претседателката Сиљановска Давкова ja прими Kристина Николовска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Kристина Николовска, директорка на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за подготвителните активности на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, што ќе се одржи под нејзино покровителство.

Претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи го значењето на оваа престижна манифестација, како и реномето на Летната школа, истакна дека со актуелностa, имињата на предавачите, како и слушателите коишто присуствуваат дава голем придонес за македонската наука и култура.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура е основан на 22 декември 1967 година. Досега се одржани 56 летни школи и три зимски школи, на кои учествувале повеќе од 4.000 учесници од над 60 земји, меѓу кои истакнати македонисти, професори по македонски јазик и литература на странските универзитети, слависти, балканисти, преведувачи, научни работници и студенти што го изучуваат македонскиот јазик во нашите лекторати и универзитетите во светот.