ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Загина македонска државјанка, а три жени се повредени во сообраќајка кај Солун

Загина македонска државјанка, а три жени се повредени во сообраќајка кај Солун

1199

Македонска државјанка на 30 години загина, а три млади девојки се повредени во тешка сообраќајка која се случила во близината на Солун. Според фрчките медиуми, 30 годишна жена е почината, а нејзини две сопатнички се во болница во Верија, додека една е во Солун.

Во Верија е пренесена 27-годишна жена која веднаш е подложена на опеорација, додека 25-годишната жена минала со полесни повреди. Пренесената жена во Солун била во животна опасност.

Во облницата во Верија бил пренесен и маж, возач на другото возило.

Сообраќајката се случила на пет километри по излезот на Нисели во правец кон Солун, кога се судритле двете возила. За извлекување на жените била потребна и помош од пожарникари.