Техничкиот премиер Талат Џафери на Фејсбук се попфали дека во Владата е истакнат и неговиот портрет како премиер на техничката Влада, која следниот викенд се очекува да биде сменета со новата влада предводена од Христјан Мицкоски.
Портретот на Џафери го насликал уметникот Едмонд Драми.
-Благодарам Едмонд Драми за маестралното сликање на мојот премиерски портрет. Ти посакувам понатамошни успеси во уметничкото патешествие! – напиша Џафери на Фејсбук.