Во пресрет на Конгресот на 30 јуни, од Кавадарци започна претставувањето на кандидатите за претседател… Деспотовски, Филипче, Петровска и Бајдевски ги претставија своите програми пред членството.
„Потребна е промена на организациската поставеност за поголемо вклучување на членовите“, порачал Филипче..
„За СДСМ да се врати како силна политичка партија мора јасно да дефинира став по клучните прашања и да покаже дека вистински се грижи за интересите на своите членови и граѓаните“,изјавил Јован Деспотовски..
Во програмата Славјанка Петровска ветува прогресивни политики во СДСМ, како и враќање кон корените на социјалдемократијата.
„Еден од стратешките чекори што треба да ги направиме е да ја вратиме препознатливоста на СДСМ.“, порачал меѓу другото, Александар Бајдевски.