![zemjotres](https://citaj.mk/wp-content/uploads/2024/03/zemjotres.png)
Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека според досегашните податоци со кои располага, земјотресот е почувствуван од населението во градот Штип и околината.
Земјотрес со локална магнитуда од 2,4 степени по Рихтер е регистриран вечерва во 19.54 часот со епицентар во подрачјето Штип – Радовиш, 68 километри југоисточно од Скопје.
Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека според досегашните податоци со кои располага, земјотресот е почувствуван од населението во градот Штип и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.