ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Милошоски, Митрески и Бендевска избрани за потпретседатели на Собранието

Милошоски, Митрески и Бендевска избрани за потпретседатели на Собранието

95

Пратениците Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од Движењето ЗНАМ се избрани за потпретседатели на Собранието. За нивниот избор на потпретседателската функција во Собранието гласаа мнозинство пратеници на денешната пленарна седница која уследи откако претходно на собраниската Комисија за избори и именувања тројцата беа утврдени како потпретседателски кандидати.

За изборот на пратеникот Антонијо Милошоски за потпретседател гласаа 69 пратеници, 82 пратеници го поддржаа изборот на Јован Митрески за потпретседател, а за пратеничката Весна Бендевска да биде избрана за потпретседателка на Собранието гласаа 70 пратеници.

Ниту еден пратеник не гласаше „против“ или „воздржано“ за изборот на тројцата потпретседатели на парламентот.

По гласањето, новоизбраните потпретседатели дадоа свечена изјава во пленарната сала. Заклетва пред пратениците дадоа Јован Митрески и Весна Бендевска. Антонијо Милошоски отсуствуваше од седницата поради здравствени причини, а свечената изјава ќе ја даде на првата наредна пленарна седница.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, им честита за изборот и им посака среќа во работата на тројцата нови потпретседатели на парламентот.