Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски како позитивно го оценува намалувањето на маржата за пренос на електрична енергија, но вели дека цената што ќе ја плаќаат домаќинствата од 1 јули годинава зависи и од цената по која универзалниот снабдувач ќе ги задоволи потребите за електрична енергија на регулираниот пазар, но и од бројот на малите потрошувачи кои од регулиран се префрлиле на слободен пазар.
Посочува дека РКЕ ги прави последните анализи дали и во колкав обем ќе има проширување на евтината тарифа во текот на денот за домаќинствата.
Посочи дека има серозен тренд на префрлање на малите потрошувачи од регулиран на слободен пазар на електрична енергија и додаде дека на годишно ниво ќе има помеѓу 150 и 200 милиони киловат часови помала потрошувачка на регулираниот пазар.