ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Убиство во Боговиње- полицијата го фатила осомничениот 15 минути по извршеното злосторство

Убиство во Боговиње- полицијата го фатила осомничениот 15 минути по извршеното злосторство

347

Претпладнево во Боговиње е застрелан 47-годишен маж. На убиството му претходела расправија меѓу жртвата и убиецот. Осомничениот со автомобил потоа заминал од Боговиње кон Тетово каде е уапсен.

Го сопрела полициска патрола, а возачот бил вознемирен. Тогаш на полицајците кои го сопреле БМВ-то им стигнало известување за убиството и за возилото на осомничениот. Во автомобилот, на во просторот на задните седишта е најдена и пушката со која е извршено убиство.

Во тек е увид на местото на злосторот во Боговиње.Местото е заградено со полициски ленти. Полицајци вооружени со автоматски пушки и опремени со панцири ја обезбедуваат локацијата на која не може да и се пријде.

МВР издаде првично соопштение за убиството:

-Денеска (02.06.2024 година) во 10.30 часот на улица „Цветан Димов“ припадници на полицијата од СВР-Тетово го лишиле од слобода лицето М.М.(50) од Боговиње, Тетово, кој управувал „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Тој е осомничен дека околу 10.15 часот со огнено оружје го убил А.Ј. На местото на настанот се Јавен обвинител и полициски службеници кои вршат увид, стои во соопштението на МВР.