ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Дали пржинската влада е со поминат рок

Дали пржинската влада е со поминат рок

65

Оваа изјава стави крај на мандатите на сите технички министри во Владата на Џафери. Еден од нив е и Панче Тошковски кој утрово кабинетот му го предаде на својот заменик Буши. Тој можеби ќе биде и последниот пржински министер во МВР, имајќи предвид дека уште пред изборите речиси сите политички партии се согласија дека пржинската Влада веќе има поминат рок на траење. На истите ставови се и денеска

За укинување на пржинската влада пред изборите согласни беа и социјалдемократите. Партиски функционери за Сител и денеска велат дека немаат ништо против иако, официјалниот партиски став ќе се чека да го донесе идното партиско раководство.

За експертите нема дилеми. Пржинската Влада е спротивна на Уставот и треба час поскоро да се исклучи од правниот систем.

И додека третата прижинска влада се архивира во политичката историја, новата политичка влада е на чекор до формирањето. До крајот на идната недела Претседателката Силјановска мора да му го довери мандатот на Мицкоски а тој ќе има 20 дена да го состави својот кабинет. Во јавноста кружат многу имиња но официјално, коалиционите партнери не потврдуваат ништо иако никој не крие дека владините ресори се веќе поделени.