ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ковачевски нема да се кандидира за претседател на СДСМ

Ковачевски нема да се кандидира за претседател на СДСМ

74

Откако си поднесе оставка, претседателот на СДСМ во заминување, Димитар Ковачевски објави дека нема да се кандидира за највисоката партиска функција.

Пред почетокот на состанокот на Извршниот одбор на партијата во седиштето на Бихаќка рече дека нема да поднесе документи за кандидатура на претстојните внатрепартиски избори.

Партиското тело денеска треба да ги распише изборите внатре во СДСМ. Како најсериозни за кандидатура за претседател на партијата се споменуваат Јован Деспотовски, Славјанка Петровска, Венко Филипче и Оливер Спасовски. Денеска во интервју и Стефан Богоев не ги сокри своите амбиции да го преземе кормилото на партијата.

Во интервју за БИРН рече дека е способен за да биде прв човек на СДСМ.

-Сметам дека во овие 16 години сум ги поминал буквално сите скалила во партијата по природен пат, а и во државата, и сум бил дел од сите клучни процеси во партијата, како Отпорот, Вистината за Македонија, Шарена револуција и низ сите тие процеси, години и скалила сум стекнал големо искуство и пријателства во партијата. Оттука, сметам дека сум способен за лидер на СДСМ, а наскоро ќе одлучам дали ќе тргнам по тој пат сега. Најбитно е партијата да избере тим што ќе го зачува јадрото на СДСМ, а не само претседател, изјави Богоев во интервју за БИРН.