ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Вучиќ: Најмногу вложив во односите со нашите браќа Македонци, ме погоди што...

Вучиќ: Најмногу вложив во односите со нашите браќа Македонци, ме погоди што Македонија гласаше за резолуцијата за Сребреница

606

Претседателот на Србија Александар Вучиќ при синоќешното гостување на ТВ Прва го коментираше гласањето на резолуцијата за Сребреница, но и претставниците на црногорското владејачко мнозинство кои во собраниска процедура го доставија предлогот за резолуција за геноцидот во Јасеновац.

„Црна Гора никогаш нема да донесе закон, резолуција или декларација за геноцидот во Јасеновац. Нема да го донесат, самите кажаа, но сами го кажаа мислејќи дека ќе купат два дена околу Сребреница и тогаш сите ќе го заборават “, убеден е Вучиќ.

„Ви кажувам однапред и подготвен сум да се извинам ако не биде така и најсреќен би се извинил, но за жал нема да има потреба да се извинувам“, продолжи тој.

Вичиќ истакна дека „најодвратно му било однесувањето на Црна Гора“ во однос на Резолуцијата за Сребреница.

„Не ме разочараа, бидејќи тоа го очекував. Му реков на Спајиќ (премиерот на Црна Гора) дека не мора да ме залажуваат, дека знам дека ќе гласаат. Нема да им испратиме протестна нота дури и затоа што гласаа дека сме геноцидни.“ изјавил српскиот претседател,.

Тој изјави дека „посилно го погодила Северна Македонија“.

„Најмногу вложив во односите со нашите браќа Македонци, но тоа не е фер. Испадна дека Грција има повеќе кичма од Скопје, и тоа е точно. Црна Гора не ме ни погоди, ме погоди поради нашите луѓе“, заклучи тој.

Македонија гласаше за усвојување на резолуцијата за Сребреница. Нашата држава беше земја коспонзор на предлогот да се донесе резолуцијата на иницијатива на министерот во заминување Бујар Османи.

Генералното собрание на Обединетите нации во средата ја усвои резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и се осудува негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. Србија се противеше на носењето на ваква резолуција.