ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пожар во женскиот одел во Идризово, четворица вработени пренесени на Токсикологија

Пожар во женскиот одел во Идризово, четворица вработени пренесени на Токсикологија

90

Пожар ноќеска избувнал во женското одделение на во затворот во Идризово. Настанот го потврди и МВР од каде што велат дека по интервенција на пожарна, огнот бил изгаснат.

„Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен“, велат од МВР.

Четворица вработени во затворот во Идризово се пренесени на Универзитетската клиника за токсикологија како последица од пожарот што вчера избувнал во женското одделение од затворот, потврди заменик-директорот на затворот Феми Јонузи.

Тој вели дека според информациите што ги има, пожарот бил подметнат од затворенички кои запалиле постелнини и душеци. Здравствената состојба на четворицата вработени, како што изјави, е стабилна.