ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Јаулески: ВМРО-ДПМНЕ очекува да земе уште еден пратеник во петтата изборна единица

Јаулески: ВМРО-ДПМНЕ очекува да земе уште еден пратеник во петтата изборна единица

96

„Со оглед на тоа каква е ситуацијата дека ВМРО-ДПМНЕ како победник на овие избори и иден мандатар и креатор на идната влада јас сум длабоко убеден дека тој пратеник би одел на конто на ВМРО-ДПМНЕ, но сепак граѓаните ќе го кажат тоа на крај на демократски легитимен процес согласно законите, битно е процесот да биде демократски и да се заврши се како што треба“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески во гостување во „Топ Тема“ на ТВ Телма.

Тој продолжи и додаде:

„ДИК донесе одлука нели Управниот суд ги потврди одлуките на ДИК. Имено кога има суштествени повреди на изборниот законик во однос на ливче плус, несогласувања на терминал со гласачи. Должност на членовите на ДИК согласно законот е да го поништат тоа избирачко место и не би влегувал во тие теории на заговор дека некој на некого сака да му земе“, истакна Јаулески.

Тој истакна дека нормално и легитимно е секоја политичка партија да се бори за остварување на подобар резултат каде изборите се поништени.

„Во одредената ситуација каде се поништени изборите на избирачки места нормално и легитимно е дека секоја политичка партија се бори да оствари подобар резултат така и ние се бориме да земеме уште еден пратеник во петтата изборна единица“, кажа Јаулески.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма има политики што ги засегаат сите граѓани.

„ВМРО-ДПМНЕ во својата програма има политики што ги засегаат сите граѓани, а со првиот ребаланс ќе се делат финансиски средства во нашиот мандат од милијарда евра и тие финансиски средства ќе се делат во сите општини и каде градоначалник е од ДУИ и од Алијанса за Албанците и каде живеат Македонци и Албанци. Нашата тенденција е работите да не се како досега односно да ги менуваме и да постигнуваме концепт за сите“, дециден е Јаулески.