ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА МАКЕДОНИЈА: Нападнал полицаец и се обидел да исфрли ќесе со марихуана

МАКЕДОНИЈА: Нападнал полицаец и се обидел да исфрли ќесе со марихуана

123

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(35) од Пирава, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на докажување“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.

– На 24.04.2024, тој со намера да спречи докажување на кривично дело за кое бил лишен од слобода, физички нападнал полициски службеник и се обидел да ја исфрли ќесата со марихуана, која при преглед му била пронајдена и одземена, информираат од МВР.