ПОЧЕТНА СВЕТ Контроверзен случај: Одобрена евтаназија на 29.годишна Холанѓанка поради ментална болест

Контроверзен случај: Одобрена евтаназија на 29.годишна Холанѓанка поради ментална болест

44

Зораја тер Бик, 29-годишна Холанѓанка, добила дозвола за евтаназија поради неподносливо ментално страдање.

Таа сега очекува да стави крај на својот живот во следните недели, што ќе предизвика голема дебата низ Европа за ова прашање. На Тер Бик и беше одобрено медицински потпомогнато самоубиство по три и пол годишен процес, според законот донесен во Холандија во 2002 година.

Нејзиниот случај предизвика контроверзии бидејќи потпомогнатото самоубиство за луѓе со ментална болест останува невообичаено во Холандија, иако бројките се зголемуваат. Во 2010 година евидентирани се два случаи поврзани со психолошки проблеми; во 2023 година имало 138, што е 1,5% од вкупно 9.068 случаи на евтаназија.

Написот за нејзиниот случај, објавен во април, беше пренесен од многу светски медиуми, предизвикувајќи негодување што ја доведе Тер Бик во неволја.

Таа рече дека е разбирливо што случаите како нејзиниот и поширокото прашање за законитоста на потпомогнатото самоубиство се контроверзни.

„Луѓето мислат дека кога сте ментално болни не можете да размислувате правилно, што е навредливо“, изјави таа за „Гардијан“.

„Ги разбирам стравовите што некои инвалиди ги имаат за потпомогнатото умирање и загриженоста дека луѓето би можеле да бидат под притисок да умрат. Но, во Холандија го имаме овој закон повеќе од 20 години. Постојат строги правила и навистина е безбедно“, додаде таа.

Според холандскиот закон, за да се квалификува за потпомогнато умирање, едно лице мора да доживее „неподносливо страдање без изгледи за подобрување“. Таа мора да биде целосно информирана и способна да донесе таква одлука.

Нејзините проблеми започнале во раното детство. Таа има хронична депресија, анксиозност, траума и неодредено растројство на личноста. Исто така и бил дијагностициран аутизам. Кога го запознала партнерот, мислела дека безбедно опкружување ќе и помогне да заздрави. Но, продолжила да се самоповредува и да се чувствува самоубиствено“.

Таа започнала интензивни третмани, вклучувајќи терапија со разговор, лекови и повеќе од 30 сесии на електроконвулзивна терапија (ЕКТ).

„Во терапијата научив многу за себе и за механизмите за справување, но не ги реши главните проблеми. На почетокот на третманот имаш надеж. Мислев дека ќе се подобрам. Но, како што продолжува третманот, почнуваш да се губиш“, рекла Тер Бик.