ПОЧЕТНА СВЕТ Миљана, мајката на Коста.К, момчето убиец од „Рибникар“ денеска очи во очи...

Миљана, мајката на Коста.К, момчето убиец од „Рибникар“ денеска очи во очи со родителите на убиените деца

147

Во Вишиот суд во Белград денеска со сослушување на мајката треба да продолжи судењето на родителите на момчето кое уби девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Миљана Кецмановиќ во придружба на адвокатите Ирина Боровиќ и Боривој Боровиќ пристигна во просториите на Вишиот суд нешто пред 10:30 часот кога требаше да започне рочиштето.

Инаку, Миљана Кецмановиќ првпат треба да ја изнесе својата одбрана бидејќи не била сослушана во истрагата.

На претходните неколку судења, одбраната ја изнесуваше нејзиниот сопруг Владимир Кецмановиќ и одговараше на прашањата на судот, обвинителството и оштетените, а тој одби да одговори на прашањата на адвокатите на оштетените.

Од почетокот на судењето тој ја негираше вината за делото за кое се товари, тешко кривично дело против општата безбедност.

Во овој случај, судот го затвори судењето за јавноста поради заштита на интересите на малолетните жртви.

Покрај Кецмановиќ обвинети се и инструкторот и сопственикот на стрелиштето каде, како што се сомнева, учел да пука и малолетниот Коста Кецмановиќ.

Таткото на момчето е обвинет дека сторил кривично дело – тешко кривично дело против општата безбедност, бидејќи носел 13-годишно дете на стрелиште и го научил да пука, како и дека не го чувл соодветно оружје во куќата.

Коста Кецмановиќ, кој во моментот на ова злосторство немал уште 14 години и затоа не одговара кривично, со два пиштоли на татко му што ги зел на 1 мај ги застрелал своите соученици.

Притоа кобниот ден ги ставил во ранецот, отишол на училиште и на првиот час уби 10 лица, а повредил уште пет деца и наставнчката по историја.