Вечерва по полноќ за 1,50 денари ќе се намали цената на безнинот за литар, а за половина денар ќе поевтинат дизел горивото и нафтата за домаќинствата. Се намалува и цената на мазутот.
Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени кои ќе важат по полноќ, со напомена дека се тоа максимални цени.
Моторен бензин Еуросупер БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин Еуросупер БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,007 (денари/килограм)
„Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторната комисија.