ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори

ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори

122

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на пладне ќе одржи седница на која се очекува да ги разгледува и одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори.

За изборните резултати до ДИК се поднесени 27 приговори, девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски на седница на ДИК посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.

Од Европскиот фронт предводен од ДУИ оценија дека со поднесени приговори до ДИК од други политички партии за нерегуларности на избирачки места во изборните единици 5 и 6 се прави обид да им се одземат два пратенички мандата.