Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис порачал дека фактот што новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова не го кажала името „Северна“ за време на нејзината заклетва е незаконски и недозволив потег. Според него, таа на тој начин сторила „провокативен избор“.
Мицотакис на мрежата „Х“ напиша дека Силјановска Давкова со тоа го прекршила Договорот од Преспа и уставот на својата земја и ги отфрлила, како што навел, „манипулациите“ како оние со кои Силјановска го започнала мандатот.
Тој ја повикал Силјановска Давкова да се врати на законските обврски и на однесувањето што произлегува од нејзината функција.
„Категорично изјавуваме дека нема да прифатиме слични лапсуси. И повторуваме дека секој напредок во билатералните односи, како и секој чекор на Скопје кон Европа, зависи од искреното почитување на договорот – од правилната употреба на уставното име на соседната земја“, навел Мицотакис.
Министерството за надворешни работи на Грција вчера оцени дека при полагањето заклетва на Силјановска Давкова, која не го кажа целото име на државата туку само зборот „Македонија“, дошло до флагрантно кршење на Договорот од Преспа.
Силјановска Давкова вчера даде свечена заклетва и во таа прилика не го кажа зборот „Северна“, што е составен дел од уставното име на таа држава и покрај тоа што во текстот на заклетвата се споменува државата што го прочита претседателот на Собранието во заминување, Јован Митрески, повикувајќи ја Силјановска да повтори како Северна Македонија.
Грчката амбасадорка во знак на протест го напушти Собранието.
Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа во 2018 година, со што заврши 27-годишниот спор за името на Македонија. Со него, Македонија го промени името во Република Северна Македонија, а Грција, пак, не не спречи да влеземе во НАТО.