ПОЧЕТНА ЗАБАВА Не сум ни маж ни жена, јас сум … како што се...

Не сум ни маж ни жена, јас сум … како што се декларира победникот на Евровизија?

1507

Немо Метлер е 25-годишниот претставник кој на Швајцарија ѝ ја донесе победата на гоелмото музичко шоу „Евровизија 2024“.

Да потсетиме, на Евровизија тој ја испеа песната „The Code“, која, како што вели, делумно била инспирирана од реалниот живот. Неговиот настап ги собра симпатиите на повеќето земји кои му дадоа 12 поени и уште на почетокот од гласањето стануваше повеќе од јасно кој ќе победи.

Се чекаше моментот на телеволтингот, односоно гласањето на публиката, многу често овие гласови знаат да направат голем пресврт.

И покрај тоа што Хрвратска имаше големи шанси, сепак и публиката дала многу гласови за Нико кој изби на врвот на листата како апсолутен победник.

Немо има 25 години и се декларира како небинарна личност, односно како ниту машко ниту женско, туку како „тие“.

„Кодот“ е за патувањето што го започнав со сознанието дека не сум ниту маж ниту жена“, рече Немо.

„Пронаоѓањето на себеси беше долг и често тежок процес за мене. Но, ништо не се чувствува подобро од слободата што ја стекнав кога сфатив дека сум небинарен“.

Во ноември минатата година, уметникот објави на Инстаграм: „Не се идентификувам како маж или жена. Јас сум само Немо“, додавајќи: „Моите заменки се тие/тие“.