Едно дете е во критична состојба и два пати е реанимирано, а досега во болницата Прокупље пристигнале пет возила на Брза помош. Ова се најновите детали од местото на несреќата што се случи денеска на панаѓур во Куршумлија, кога од засега непознати причини се урна рингишпил.
Според српските медимуи, едно дете е тешко повредено, а 12 деца се здобиле со полесни повреди во несреќата што се случи денеска на југот на Србија.
На тешко повреденото девојче му била укажана лекарска помош во болницата во Ниш, додека останатите се пренесени во болницата во Прокупље.