ПОЧЕТНА СВЕТ Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

72

Од денеска во Србија се применуваат новите цени на акцизата ускладени со годишниот износ на потрошувачките цени во 2023 година, па така новата цена на акцизата за безоловен бензин е поголема за 4,75 динари, односно за 5,70 динари со вклучен ДДВ.

Акцизата за дизелот е поголема за 5,86 динари, а онаа за плин има скок за 4,45 динари со вклучен ДДВ.

Освен за нафтените деривати, акцизата од денеска расте и за алкохолот, никотинските производи, кафето, како и за биогоривото и природниот гас.

Акцизата за течниот нафтен гас изнесува 52,49 динари по килограм, а бигоривото и биотечностите имаат акциза од 62,54 динари по литар.

На алкохолните пијалаци, акцизата од денеска е 26,90 и 30.72 динари по литар, за кафе од 108,06 динари до 405,24 динари по килограм, додека пак за течностите за полнење на електронските цигари акцизата до крајот на годината ќе изнесува по 10,46 динари по милилитар.