ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

Ковачевски го одби условот на Димитриевски за коалицирање: Ние не сме човек-партија

333

Раководството на СДСМ го бираат членовите на СДСМ кои се наследници и на НОБ, АСНОМ и на Киро Глигоров, а не вазали кои се предале и отишле да шуруваат со наследниците на Ванчо Михајлов, му одговори Димитар Ковачевски, претседателот на СДСМ, на условот за коалицирање изнесен вчера од лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Ковачевски го порача ова вчера од митингот во скопски Аеродром како одговор на условите за евентуална коалиција со неговата партија кои ги постави лидерот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Мешу условите на кумановскиот градоначалник основен беше тој за неотповиклива оставка на раководството на СДСМ. Ковачевски пак порача оти СДСМ не прифаќа условувања и со никого нема да прави политички договори.

„СДСМ е едиствената партија наследник на Сојузот на комунисти на Македонија, на Народноослободителната борба, наследник на независната Македонија и Киро Глигоров. За разлика од субјектите како ЗНАМ кои се човек-партија, СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени. Нас нè водат социјалдеморкатските вредности. Борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија и не се откажуваме од тоа“, одговори Ковачевски во Аеродром.

Ковачевски му порача на Димитриевски дека е должник на ВМРО-ДПМНЕ затоа што овие го изгласале за градоначалник на Куманово на изминатите локални избори.

Димитриевски постави услов за коалицирање и до ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е да не соработува со поранешниот премиер Зоран Заев.