ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Милошоски: Победа во Струмица по 20 години

Милошоски: Победа во Струмица по 20 години

382

Пратеникот и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, во студиото на ТВ24 по затворањето на гласачките места во првиот круг од претседателските избори рече дека неговата партија по бројот на изброени гласови за Гордана Силјановска Давкова за прв пат победува во Струмица како бастион на СДСМ во последните 20 години.

На 40 отсто преброени гласови од аналитичкиот центар на ВРМО-ДПМНЕ, според Милошоски за Давкова гласале 153.000, за Стево Пендаровски 70.500, 36.000 за Бујар ОСмани, 28.000 за Максим ДИмитриевски, 24.000 за Арбен Таравари, за Билјана Ванковска 16.000, за Стевчо Јакимовски 3.700 и 8.000 ливчиња биле неважечки.

– Во Струмица победуваме по 20 години, иако е раководена од СДСМ и од таму доаѓа претходниот претседател на СДСМ. Има расположение за промени во места каде ВМРО-ДПМНЕ не победувал и тоа е една од клучните промени кај голем дел од гласачите, рече Милошоски.

Тој додаде дека зголемената излезност на гласачите во однос на претходните претседателски избори е сигнал дека граѓаните сами сакаат да си го одберат претседателот, а не тоа да се прави во Собранието.