Високиот функционер на ДУИ Артан Груби вечерва, на плоштадот Македонија во Скопје каде се одржуваше митингот на коалицијата Европски фронт, одеднаш почна да вика по масата симпатизери да ги симнат знамињата долу.
„Долу знамињата, долу! Tргнете се, бре. На десно, пред камерите ниедно знаме“, викаше Груби на албански и на македонски јазик.
Овој инсерт го сподели ТВ 21 на својата Фејсбук – страница.
Дали Груби сакаше да се сокрие пред телевизиските камери дека македонско знаме немаше „ниту за лек“, а се вееја бројни албански знамиња, како и знамиња на туѓи држави, на САД, Турција и на други земји, или, сакаше да каже дека знамињата им пречат на камерите за да ги „доловат“ функционерите на ДУИ и на коалициските партнери?