ПОЧЕТНА СВЕТ Израел со ракети го нападна Иран

Израел со ракети го нападна Иран

307

Израел изврши напад во Иран. Иранските системи за противвоздушна одбрана беа активирани на неколку локации откако се слушнаа експлозии во близина на аеродром и воена база во провинцијата Исфахан. Израел не ја презеде одговорноста за нападот.

Три експлозии се слушнале во близина на воена база во која се сместени борбени авиони во северозападниот дел на Исфахан, објави иранската полуофицијална новинска агенција ФАРС. „Одбраната е активирана како одговор на непознат објект, а во овој случај веројатно станува збор за дрон“, изјавија извори за FARS news. По нападот, иранските медиуми објавија дека сите објекти околу Исфахан се безбедни, вклучително и значајни нуклеарни објекти во областа.