Вчера Артан Груби го испорача условот на ДУИ за поддршка во вториот изборен круг.
Тој кажа дека треба да се прифати избор на претседател во Собрание, за што е потребно и промена на Уставот. Нашата порака не до курирот, туку до тој што го смислил тој услов и мисли дека на тој начин ќе мобилизира гласачи – нема да има таква уставна измена. Таква уставна измена не прифаќаме. Уште помалку ДУИ и тој што го смислил имаат можност да уценуваат, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на пратеници во првата изборна единица на вечерашниот митинг во општина Кисела Вода.
Гледајќи го овој народ, кажа Мицкоски, како се обединува околу Гордана, околу ВМРО-ДПММЕ и коалицијата Твоја Македонија сакам да кажам одамна поминаа времињата кога Речица можеше да уценува и да диктира услови.
„Народот ќе диктира од сега па натаму. Народот по овие избори си ја враќа Македонија. А на криминалците, не можам да кажам за сите, но тие неколкумина во врвот на ДУИ им порачувам со 8 мај завршува Македонија за вас да биде држава во која вие ќе бидете граѓани од прв ред, а сите други граѓани д втор ред. Сега има да одговарате за се што и сторивте на Македонија“, вели Мицкоски.
Мицкоски со прашање до СДСМ и Стево Пендаровски.
„Кога сме кај измеќарите од СДСМ, од овде им поставувам прашање добро би било Стево да го одговори, бидејќи бега од дебата, дали за Стево овој диктат кој доаѓа од Речица е прифатлив како што беше прифатлив и бугарскиот диктат. Дали Стево ќе се охрабриш и ќе одговориш еднаш ќе бидеш ли на страната на македонскиот државен и национален интерес. Дали за тебе е прифатливо да одлучуваат малкумина за тоа кој ќе биде претседател на Македонија или овој народ кој ти не сакаш очи да ми видиш како што кажа пред некој ден“, праша Мицкоски.
Ги повикувам СДСМ и Стево Пендаровски, додаде Мицкоски, наместо да прават тајни планови со оние од ДУИ, ги повикувам за национално единство и да застанеме заедно за уставна промена во која ќе го избришеме цензусот за вториот круг претседателски избори, да нема услов да не може никој да уценува, се наведува во партиското соопштение.