ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Силјановска Давкова: Нема гордост без национални и државни интереси

Силјановска Давкова: Нема гордост без национални и државни интереси

98

Нема гордост без национални и државни интереси – порача кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ од митингот во скопската општина Кисела Вода. Таа рече дека Македонија не треба само да молчи пред европските челници за нестандардните услови на патот кон ЕУ, туку би им порачала дека Македонија е дел од Европа историски, географски, културно, и треба да не почитуваат исто како што ги почитуваат другите земји членки и кандидати. Таа посочи и дека актуелната власт не ужива углед.

„Затоа овие луѓе не уживаат углед и не може да ја претставуваат Македонија, не само добро, а камоли подобро и затоа Македонија не може на нив да биде горда. Бидејќи ако во секоја реченица со пет збора, во три прават грешка, тогаш тоа е голем проблем. Затоа бегаат од дебати, затоа самите си се храбрат си измислуваат, па велат ,излезете на дебата’, ама знаат што ќе им се случи на дебатата. Минатиот пат тој вратата не знаеше да ја најде“, посочи Силјановска Давкова.

Партискиот лидер Христијан Мицкоски пак повика на единство со цел да се избрише цензусот за втор круг на претседателски избори. Тој порача и дека гласот за Пендаровски е глас за тврдењето дека Гоце Делчев бил Бугарин. “

Гласот за Стево е глас за претседател кој ја води најкорумпираната држава во Европа со најсиромашното население во Европа. Гласот за Стево Пендаровски е глас за претседател кој нема став и свое јас“, дециден е Мицкоски.